БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Перински во Штип: Во соработка со експертите до поефикасна и отчетна локална самоуправа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Штип денеска се одржа вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа. Настанот е дел од серијата активности насочени кон активно вклучување на локалната самоуправа, експертите и граѓанскиот сектор во процесот на подобрување на законската рамка, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност. 

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека законската рамка, стара повеќе од 20 години, бара модернизација и усогласување со актуелните потреби на граѓаните и можностите на општините. 

„Нашата мисија е јасна – подобрување на услугите што ги испорачуваат општините за поквалитетно секојдневие на граѓаните. Верувам дека денешната размена на идеи, иницијативи и коментари ќе помогне во усовршувањето на реформите што ги подготвуваме. Сите овие напори имаат за цел ефикасна и отчетна локална власт, а најголемата придобивка ќе ја почувствуваат токму граѓаните“, изјави Перински. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерот посочи дека предложените измени ќе донесат подобрување на транспарентноста, отчетноста, и учеството на граѓаните, воведување на комунални редарски служби, како и поттик за развој на помалку развиените подрачја. 

Проф. д-р Гордан Георгиев, кој е дел од експертската група, истакна дека промените се насочени кон три клучни области. 

„Првиот аспект се однесува на зацврстување на односот на општината и граѓаните кон јавното добро и хигиената. Вториот фокус е отчетноста на градоначалниците кон граѓаните, со можност за воведување механизам за отповикување како демократска контрола. Третиот аспект има за цел да ги отвори општините за поголемо вклучување на граѓаните во нивното работење“, изјави Георгиев, кој го оцени процесот како конструктивен и со широка партиципација. 

Домаќинот на настанот, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, ја поздрави иницијативата за отворање на Законот и накратко истакна дека тоа е чекор во вистинска насока за доброто на граѓаните. 

Консултативната средба беше организирана од Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од УНДП.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace