Стоматолог од Франција кој што важи за мултимилионер кој се збогатил од својот “занает” во четвртокот беше затворен затоа што си ја работел работата премногу добро.
Бил обвинет дека ги изброшал насмевките на лицата на своите пациенти, со скапи и непотребни интервенции на нивните заби како и штетни третмани со кои што заработувал на грбот на стотици свои пациенти.
Лионел Гуеџ (42) им ветувал на своите пациенти „насмевки на славните“.
Наместо тоа, тој го убивал нервот на 3.900 здрави заби при бесмислено лекување на коренскиот канал помеѓу 2006 и 2012 година, предизвикувајќи многу од неговите пациенти да развијат сериозни проблеми со забите по избрзаната и несоодветната работа на Гуеџ, кој прегледувал и вршел интервенции и на до 70 луѓе дневно.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости