Претседателот на Македонската влада во рамки на своојата посета на Вашингтон имаше можност да се сретне со еден од највлијателните новинари во светот Такер Карлсон на инаугурацискиот бал на Претседателот на САД Доналд Трамп.
На средбата Македонскиот премиер разговарал за состојбите во Македонија и во регионот, при што го поканил афирмираниот новинар да ја посети МАедонија.
“Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker Carlson. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја.”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со оваа средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства
67 годишна жена од с. Дрење, Крива Паланка физички нападната од три женски лица околу недоразбирање со крави кои правеле штета
Македонската претседателка го честита денот на Албанската азбука