Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денес го посети Меморијалниот центар посветен на големиот македонски музичар Тоше Проески во неговото родно Крушево.
Денес се навршуваат 44 години од неговото раѓање во Прилеп а по повод неговиот роденден голем број на граѓани го посетија неговото вечно почивалиште.
“Oвој ден, 25 јануари, е ден на спомени и силни емоции, ден посветен на нашиот Тоше. Ќе остане да живее во нашите срца како голем човек, хуманист, заради музиката која извираше од неговата душа, а и поради мостовите меѓу луѓето кои со песна ги создаде.
Тоше Проески не беше само музичар; тој е симбол на љубов, надеж и единство. Неговите песни се светлост во темнината, инспирација и за новите генерации.
Денес, во неговото родно Крушево, го посетив семејство на Тоше и положив цвеќе на неговото вечно почивалиште. Во Спомен-домот подигнат во негова чест, уште еднаш се евоцираат сеќавања за неговиот живот и дело.
Како држава, ние сме посветени да ја негуваме и одржуваме почитта кон Тоше. Тоа е наша обврска и чест. Со одобрените средства од Владата за поддршка на проектите кои ќе го овековечат неговиот живот, ние потврдуваме дека Тоше Проески не е само минато, туку и иднина. Неговиот глас ќе продолжи да се слуша, неговата љубов да се шири, а неговиот спомен секогаш да живее.
Тоше, ти си вечен. Твојата светлина никогаш нема да згасне, а твојата музика секогаш ќе биде дел од нас.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот Зоран Љутков.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп