БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нови 497 полицајци положија заклетва за чување на безбедноста и сигурноста на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на свечената заклетва и промоција во полициски службеници на нови 497 лица кои што ќе се грижат за безбедноста и стабилноста на граѓаните на Република Македонија.

“Годинава нашето професионално семејство, Министерството за внатрешни работи, станува побогато за 497 наши нови колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, синови и ќерки на Македонија. Полициската професија не е само избор, не е само професија, туку повик, завет, кој секој еден од вас го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина безбедни и сигурни.

Затоа ве повикувам, при полагањето на свечената заклетва, секој од вас да прифати свој личен аманет, завет на чесност и професионалност дека секогаш ќе ги почитува Уставот и законите на Македонија, ќе води бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и ќе се грижи за безбедноста на секој и на сите граѓани и целото македонско општество.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Благосостојбата и напредокот на едно општество се темелат на почитувањето на законите, на правната држава, чија основа е успешното функционирање на безбедносниот систем. Тоа значи да создаваме, да градиме и да унапредуваме една модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција која своите задачи и обврски ќе ги извршува максимално законито, стручно, одговорно и транспарентно, во име на граѓаните, во име на својот народ кој ја плаќа.

Да живее македонската полиција,

Да ни биде вечна и вековита Македонија.”

-напиша на социјалните мрежи Министерот Тошковски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace