БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски- бескомпромисен: Неодговорното богатење на поедини трговци и трговски ланци е напад врз државата и граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот Мицкоски како глас на разумот на народот денеска со своја остра реакција преку социјалните мрежи упати свој апел но и ја искажа својата решителност да се пресмета со поедини трговци и трговски ланци на маркети кои што на незаконски начин се богатат на грбот на граѓаните кревајки ги цените на производите во малопродажба на неразумно високо ниво против секаква пазарна логика.

За Премиерот Мицкоски ваквите шпекулации на поедини трговци кои задираат директно во џебот на граѓаните и се рефлектираат негативно врз стандардот на народот се напад на државата и граѓаните.

“-Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција.

Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард.

Во духот на солидарноста, го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци. Имам јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните. Ова е неприфатливо и нема да биде толерирано!

Ве уверувам дека преземаме конкретни мерки: Денес остварив средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, Министерот за економија, Заменик министерот за економија и Директорот на пазарната инспекција. Наложив засилени контроли и итна реакција на терен.

Тие имаат јасна задача – да го проверат однесувањето на трговците и да спречат какви било злоупотреби. Ќе инсистирам на транспарентност и ригорозни казни за сите кои ќе се утврди дека го изигруваат законот и ги злоупотребуваат граѓаните и добавувачите. Заедно ќе се спротивставиме на сите кои мислат дека ќе се богатат на наша сметка.

Ќе се справиме со овој проблем и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме животниот стандард на сите наши граѓани! Во исто време, ќе продолжиме и со субвенционирање на најпогодените категории на граѓани за дополнително да ги минимизираме негативните ефекти од растот на цените.

Ги повикувам сите надлежни институции, но и трговците, да се однесуваат со максимална одговорност и почит кон народот. Ова се времиња на чесност, фер игра и солидарност! Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите, наспроти интересите на неколкумина кои сакаат да се богатат на маката на граѓаните!”

-напиша во својата реакција на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски.

Каква ќе биде постапката на овие поедини маркети и трговци на оваа остра реакција на Премиерот останува да проследиме.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace