БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот Мицкоски го означи почетокот на реконструкцијата на некогашниот Дом на културата 11 Октомври во населба Ченто

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот Христијан Мицкоски откако се врати во државата по неговата 10 дневна агенда во Минхен и Вашингтон, денеска присуствуваше на настанот со кој се означи започнување на реконструкцијата на некогашниот Дом на Културата 11 Октомври во скопската населба Ченто, Општина Гази Баба.

Во изјава за медиумите премиерот го истакна значењето на реализацијата на овој и слични вакви проекти за граѓаните.

” Денеска, во рамки на теренските посети на општините под мотото „Каде што срцето е дома“, во организација на Министерството за локална самоуправа, присуствував на почетокот на реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во населбата Ченто, Општина Гази Баба. Овој значаен проект претставува чекор напред во зајакнувањето на културниот живот и создавањето на подобри услови за креативен израз на сите жители.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова е само еден од четирите проекти во Општина Гази Баба, финансирани преку државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините. Реализацијата на овие проекти е јасен показател за посветеноста кон развојот на локалната самоуправа и унапредувањето на јавната инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.”

-напиша на социјалните мрежи премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот