БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делегација од општина Струмица предводена од градоначалникот Јаневски престојуваше во работна посета на Шпанија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претставници на Општина Струмица од Република Македонија службено го посетија регионот Валенсија во Шпанија.

Целта беше вклучување во конзорциуми на тековните повици за грантови од Европската комисија, а во фокусот беа програмите Хоризонт 2020, Косме 2014-2020, Лајф+, Интерег 2020, како и Еразмус+.

Присутни беа претставници на компании од секторите туризам, дрвна индустрија, енергетика и термо техника, рециклирање и производство на гума и гумени производи, вода и производство на вода, сектор за старт ап компании и мали бизниси, како и претставници на невладиниот и јавниот сектор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

При неколкудневната посета, градоначалникот Коста Јаневски оствари средби со градоначалници и заменици градоначалници на градовите Кастелон, Валенсија, Аликанте и Елче.

На средбата беа договорени идни активности и соработка помеѓу општина Струмица и шпанските партнери за користење на средствата од ЕУ фондовите и грантови и посебна поддршка во проекти за приватниот сектор во соработка со академскиот сектор, како и училиштата кои во фокусот ќе ја имаат програмата Еразмус+.

Делегацијата посети и неколку универзитети, приватни компании и бизнис центри . Според градоначалникот Јаневски, општина Струмица многу брзо ќе го почувствува бенефитот од оваа посета.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace