БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бобан Нонковиќ со инсајдерски информации за планот на СДС за сквернавењето на името на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со статус на фејсбук поранешниот дописник на МИА од Брисел, новинарот Бобан Нонковиќ изнесува шокантни информации во врска со активностите на Зоран Заев во рамки на неговата агенда за промена на името на Република Македонија во наредните 10-тина денови.

Целиот статус го пренесуваме во целост

Деновиве се одржал Централен одбор на СДС и таму нивниот лидер Зоран Заев ја претставил состојбата со преговорите за името, при што Заев соопштил дека е сѐ договорено, но дека на Грција (!) е оставено сама да одбере дали нашето име ќе биде Горна, Нова или Северна Македонија!

Што се однесува до јазикот, Заев рекол дека ќе бил македонски (но, со објаснување дека се работи за јазик на Горна/Северна/Нова Македонија), а во однос на националноста, дека ќе било Македонци (но, со објаснување дека се работи за граѓани на Горна/Северна/Нова Македонија). Кодот на земјата, Заев рекол дека останува МКД.

Целата работа, пред ЦО на СДС, Заев образложил дека ќе биде завршена за максимум десет дена, по што откако тој и Ципрас ќе го потпишат договорот, истиот по итна постапка, а со просто мнозинство ќе се верификува во македонскиот парламент.

На прашање од неговите сопартијци за тоа дали и кога ќе има референдум за името, Заев рекол дека иако ветил одржување на истиот, на сопствена одговорност ќе превзел референдум и воопшто да не се одржи, поради неизвесност од неговиот исход. Но, додал дека ако има притисок за одржување на референдум, би се одржал таков во септември, но необврзувачки!

Го прашале Зарв и кој и како ќе го гарантира дека Грција ќе го прифати договорот, при што пред ЦО на СДС одговорил дека е сѐ договорено, само дека ќе му се даде време на Ципрас да обезбеди поддршка во Грција, па да си подадат рака.

А, за тоа дали ќе има меѓународни гарантори на таквиот договор, Заев потврдил дека официјална ЕУ, но и НАТО и Обединети нации, преку нивни високи претставници, ќе ставеле потписи како гаранција на тој договор, а можно е и тоа да го сторат некои премиери или претседатели на големи земји-членки на ЕУ и НАТО!

#СеметоДаВиСеСотре
#ЌеВеСтигнеКлетватаНаМакедонците”

-пишува Бобан Нонковиќ на фејсбук.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace