Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината.
Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност.
Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите.
Во вторникот, на 18 март, испратив барање до сите основни училишта и детски градинки, при што во најкус можен рок треба да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гаснење пожар. Исто така, потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација.
Правиме сѐ што е во наша надлежност за зачувување на безбедноста на граѓаните и обезбедување на сите услови за непречено одвивање на секојдневието, како на физичките, така и на правните лица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР
Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците
Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот