БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025  околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје. Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

Исто така, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: МВР

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace