“Според наши информации , ИЗЛЕЗИТЕ на спортската сала при СОУ-“Методи Митевски”-Брицо, веќе некое време се користат како МАГАЦИН за расходувана опрема.
Првобитната намена на спортската сала е за одржување на спортски натпревари и настава по физичко и здравствено образование за учениците!
Многу често овој спортски објект се користи и за регионални и државни спортски натпревари пред многубројна публика.
По барање на загрижени граѓани од нашата општина како сериозна политичка партија упатуваме ЈАВЕН КОНСТРУКТИВЕН АПЕЛ до директорката на гимназијата во најбрз можен рок да изнајде соодветно решение за складирање на погоренаведената опрема и излезите да бидат слободни за присутните да можат слободно да влегуваат и излегуваат од спортската сала, како што е и пропишано согласно правилата и планот за евакуација на истата.
Мораме да менуваме се што е надвор од законите, правила и прописите!
Општинскиот Комитет од Делчево останува отворен за сугестии од граѓаните и соработка во отклонување на повеќе вакви примери, додека локалните функционери на СДСМ Делчево на чело со Горан Трајковски сеуште комотно СПИЈАТ…”
-интегрален текст на соопштение упатено до јавност од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија
Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови