Континуирано со секојдневните превентивни активности од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи со цел граѓаните да се потсетат и предупредат за важноста од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, МВР продолжува со интензивните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава.
Вчера (27.03.2025), во рамки на тие активностите на полициските службеници на ниво на целата држава, беа издадени 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање, а во 92 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Покрај ова, а по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење, евидентирани беа 47, односно 16 прекршоци. Полициските службеници исто така детектираа 50 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи санкционирани се возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека пак изречени се и четири мерки за возачи на моторцикли кои неноселе заштитна кацига, а изречени се и 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Следствено одредбите од Законот за возила вчера беа детектирани 17 нерегистрирани возила во сообраќајот а седум возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија
Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови