Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за политики за добро управување, Арбен Фетаи, денес учествуваше на Регионалниот дијалог за политики за добро управување и лидерство на жените во Југоисточна Европа, организиран во Сараево од Регионалната иницијатива против корупцијата.
Обраќајќи им се на регионалните лидери и истакнатите панелисти, Фетаи ја подвлече клучната улога на жените во управувањето, нагласувајќи дека нивното лидерство ја зајакнува транспарентноста, отчетноста и инклузивното одлучување.
„Лидерството на жените не се сведува само на застапеноста, туку и на инклузивноста, етичкото управување и способноста за соочување со предизвиците. Мажите на раководни позиции не треба да бидат само пасивни поддржувачи, туку активни сојузници во надминувањето на стереотипите, создавањето можности и поттикнувањето системски промени,“ изјави Фетаи во своето обраќање.
Тој додаде дека родовата еднаквост не е само формално прашање, туку движечка сила за подобро управување.
„Интегрирајќи ја родовата еднаквост во јавните политики, обезбедувајќи отчетност и градејќи култура на инклузивно лидерство, можеме да создадеме институции кои ќе им служат на сите граѓани,“ нагласи Фетаи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија
Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол
Пронајдени повеќе парчиња нелегална муниција каj жител на с. Ќоселари во општина Лозово