БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започнува реализацијата на проектот Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-делчевскиот регион“ во рамки на програмата за прекугранична соработка Бугарија –Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Регионалниот Центар за застапување од Делчево ја информира јавноста за започнување на реализација на проект под наслов „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-делчевскиот регион“ од програмата за Прекугранична соработка меѓу општините Делчево и Благоевград од Македонија и Бугарија.

Станува збор за проект со вкупен износ од 991 илјади евра од кои околу 842 илјади евра се финансиски сретства обезбедени од фондовите на ЕУ а остатокот од сретствата се обезбедени од фондовите за национално финансирање на Македонија и Бугарија.

“Со задоволство Ве информираме дека во рамките на Програмата INTERREG VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“, официјално започнува проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-делчевскиот регион“ (CrossTourAct)   кој ќе се реализира во соработка со Општина Делчево и Регионален центар за застапување од Македонска страна и Општина Благоевград и Алфатур од Бугарска страна.  Вкупната сума на проектот е 991.641,39 евра од кои 842.895,17 од Европската Унија, а остатокот е национално кофинансирање  од 90.441,18 (Бугарија) и 58.305,04 (Северна Македонија).   Во рамки на проектот во Општина Делчево ќе се работи на регулацијата на речното корито на река Брегалница низводно и ќе биде изграден скејт парк согласно деталниот план во спортскиот центар во Делчево. Дополнително ќе има активности за градење капацитети  и промоција на проектните активности. Проектот ќе се  спроведува во период од две години.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овој проект е меѓу одобрените осум проекти кои ќе работат на создавање атрактивен туристички производ достапен во сите сезони преку паметни решенија. Овие проекти претставуваат прв конкретен чекор кон реализација на територијалната стратегија, карактеризирани со нивната интегрирана природа. Тие ги обединуваат претставниците од различни социјални и економски сектори и поттикнуваат поблиска соработка помеѓу локалните власти, бизнисите и граѓанските организации од двете земји, овозможувајќи самите заедници да ги приоретизираат инвестициите кои најдобро одговараат на нивните специфични потреби. Проектите не само што ја нагласуваат соработката, туку и ги обединуваат напорите за поголема одржливост, иновации и конкурентност во регионот.”

-информираат од Регионалниот Центар за застапување од Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот