Денеска на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Вљалентин Манасиевски ја алармираша јавноста за лицата со кои што се дружи претседателот на СДСМ Венко Филипче:
“Ова е Андон Стојков, кој пред два дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога.
Андон Стојков е поранешен претседател на СДММ Струмица и важи за близок човек до Зоран Заев и Венко Филипче.
Ова е Андон Стојков во друштво на Венко Филипче. Од фотографијата се гледа дека истата не е случајна, ниту пак дел од некој масовен настан, па да се рече дека Филипче не знаел со кого се фотографира.
Ова е фотографија на Андон Стојков со Зоран Заев, во пријателска атмосфера на заедничка забава.
Почитувани, со вакви луѓе е опкружен Венко Филипче, луѓе на Заев, криминалци и уживатели на дрога. Е ова е СДС.
Го прашуваме Венко Филипче со уште колку криминалци е опкружен? И што тој има заедничко со нив?”
-рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија