Комуналните служби од Општина Кочани продолжуваат со косењето и уредувањето на јавните тревни површини во Кочани.
Eкипите работеа во месностите Бавчалук и Тикешински Лозја, на локацијата на Панаѓурот, каде што се доуредуваа косините на теренот, кај Ловниот дом и Салата за гимнастички спортови „Партизан“, во околината на објектот на Детската градинка „Павлина Велјанова“ кај „Руен“, на западната страна од Трговскиот центар блок А. Исто така се уреди и разделното зеленило кај СОУ „Гошо Викентиев“ и дрворедот на „Роза Петрова“ кај „Белведере“ и на други локации.
Одделението за комунални дејности во Општина Кочани ги повикува граѓаните да дадат поддршка во одржувањето на зелените површини – да не ги загадуваат и уништуваат тревниците, дрворедите и поставената урбана опрема,”
-информираат од општина Кочани


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево