БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерството за локална самоуправа продолжува со успешното спроведување на ИПА програмите за прекугранична соработка, кои значајно придонесуваат за развојот на локалните заедници во повеќе области. Во рамките на овие програми, во тек е успешната реализација на проектот „Паркови“, со соседна Бугарија, кој има за цел подобрување на урбаниот биодиверзитет и квалитетот на живот во Крива Паланка и бугарската Општина Дупница преку креирање и промоција на еко-пријателски зелени паркови и површини. 

Во рамките на проектот, во близина на градскиот зелен пазар во Крива Паланка се уредува површина од 2000 метри квадратни, која ќе вклучува шест зелени острови, детски игралишта и други содржини за зајакнување на еколошката свест и подобрување на квалитетот на животната средина.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска заедно со градоначалникот Сашко Митовски, извршија увид на градежните работи на паркот и оценија дека проектот се реализира со предвидената динамика, при што ја истакнаа важноста на регионалната соработка преку ИПА програмите, кои имаат директен позитивен ефект на животните услови на граѓаните и за развојот на поодржливи и еколошки свесни заедници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на „Паркови“ освен хортикултурните содржини, ќе се изработи и зелен катастар, поставени се и сензори за мерење на квалитетот на воздухот во Крива Паланка, а ќе се организираат и „Зелени денови во регионот“ за размена на искуства и обука за локалното население од двете општини во насока на зајакнување на еколошката свест.

„Концептот на „зелена инфраструктура“ е релативно нов и затоа посветуваме особено внимание на неговото промовирање и вложуваме во решенија кои подоцна може да се реплицираат“, посочи Перински, кој при денешната посета на Крива Паланка, одржа и работна средба со градоначалникот Митовски и членовите на Општинскиот совет, како дел од иницијативата „Каде што срцето е дома“.

На средбата, разговараа за тековните проекти на општината и за реформскиот процес на Законот за локална самоуправа кој ќе донесе значајни придобивки за општините и за граѓаните. Министерот ја нагласи и поддршката на Владата за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата во општините, а како пример за тоа, беше спомнат проектот за поставување монтажна катна гаража во Крива Паланка, која ќе го реши проблемот со паркирањето во централното градско подрачје. На вториот владин повик, Општина Крива Паланка поднесе пет апликации во насока на подобрување на инфраструктурата.

Министерот Перински истакна дека Владата продолжува со поддршката на сите општини со цел подобрување на инфраструктурата што ќе создаде услови за подобар квалитет на живот за сите граѓани и развој на локалните заедници.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace