В црна мантија, поп со црвен барјак,
Пред сурија боси нозе и гладни усти
Кај Калаѓерѓево проповед држи.
Во Разловци камбаните sвонат
Кориите од Обозна враќаат ек
Мажите пцујат,жените колнат.
Облачното небо грми кобно,
Огнени јазици црвени и црни
Плитарите ги голтаат злобно.
Во Разловци горат амбари и куќи,
Од под праговите разлокани
Трескаат бомбите – солунки.
Горат и запалените рабуши,
Со долговите наши и таткови,
Со долговите дедови и прадедови.
Еден поп без мантија
Наместо иконата Исусова
Пушката берданка ја целива.
За крвавите потоци благослов бара
Бара правдата и слободата мила
Над татковината Македонија да царат.
Васил МАНЕВСКИ
(Од циклусот КАНОНАДА ЗА СЛОБОДАТА)

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час