БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Очекувам најдобра каматна стапка и најголема рочност за финансирање на планираните проекти

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска околу условите за обезбедувањето на финансиските средства за реализација на планираните капитални проекти кои што треба да донесат општ развој на државата Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски зборуваше во вчерашната емисија “Само Интервју” на Канал 5 ТВ.

Каматната стапка за финансирање на проектите ќе биде најниска видена досега, а исто така и рокот на враќање на кредитите ќе биде најдолг досега, потенцира вицепремиерот Николоски во “Само Интервју” на Канал 5.     

Тој истакна дека изложеноста на кредитниот рејтинг на Велика Британија на меѓународниот пазар е гарант дека Македонија ќе добие најповолна каматна стапка со најголема рочност. Во овој момент Македонија со својот кредитен рејтинг не може да добие повеќе од 350 милиони евра, додаде вицепремиерот.  

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Еве што се случува. Ако ние излеземе со нашиот кредитен рејтинг во тој случај ќе добиеме далеку повисока каматна стапка отколку излеземе со кредитниот рејтинг на Велика Британија кој што е највисок во светот и е АА. Во моментов најдобрите кредити ни се од ЕБРД со 3 години грејс период и 15 години поврат што знчаи 3 + 12 години. Каматата е ЕУРИБОР зголемена за 1 % но имаме и други зголемени и скриени трошоци и кога тие ќе ги пресметате тоа доаѓа ЕУРИБОР + 2 % .  Овде ќе е пониско, рокот ќе е подолг од 15 години и каматата ќе е пониска од сега што ја имаме за најдобрите кредити.  Тука има и друга работа,  а тоа е политичката порака. Велика Британија се согласува да сопствениот кредитен рејтинг го задолжи на Македонија што ќе се согласите е политичка порака, посилна и да не може да биде”- истана Николоски.

Тој потенцира дека испратени се писма до најрелевантните финансиски институции со  класа А и истите до 30 јуни имаат можност да ги достават нивните понуди за финансирање на капиталните проекти од првата фаза.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace