И денес продолжуваме со реализирање на мерките за директна финансиска поддршка за пензионерите со ниски месечни примања.
На сметките на 370 пензионери денес ќе биде исплатена еднократна помош во износ од 2.500 денари, како дел од активната политика на Општината за грижа и поддршка на ранливите категории граѓани.
Ова претставува третата група на пензионери која добива ваква поддршка.
Досега се реализирани исплати за уште две групи:
Првата група опфати 510 пензионери
Втората група опфати 568 пензионери
Со денешната исплата, вкупно 1.448 пензионери досега ја добиле оваа финансиска помош.
Комисијата формирана од страна на Општина Гази Баба продолжува со работа и активно ги разгледува сите пријави доставени на јавниот повик.
Целта е ниту еден пензионер со ниски примања да не биде изоставен – исплатите ќе продолжат по редослед на одобрените барања.
Оваа иницијатива е дел од стратешките заложби на Општина Гази Баба за социјална правда и еднаква грижа за сите.
Нашата мисија како локална самоуправа е да бидеме тука за граѓаните – во секое време, за сите потреби.
Пензионерите кои живеат со ниски примања се едни од најпогодените категории, и затоа грижата за нив не е само обврска, туку човечка и морална одговорност.
Секој ден работиме со една цел – подобар живот за сите жители на Гази Баба, без исклучок.
Преку континуирана поддршка покажуваме дека не заборава ниту еден свој граѓанин.
Поддршката за пензионерите ќе продолжи и во наредниот период, со јасна цел – да нема ниту еден човек кој е оставен сам.
Оваа активност е само дел од поширокиот пакет мерки кои општината ги презема за да ги подобри условите за живот и достоинството на сите свои жители.
-интегрален текст на соопштението на градоначалникот на општина Гази Баба Боби Стевковски упатено до јавноста

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово