Денеска (19.07.) полициски службеници од ОВР Делчево и од РЦ за ГР Исток, односно ПС за ГП и ГН Делчево реализираа превентивни активност на Граничниот премин „Делчево“ и во село Ѕвегор како од областа на сообраќајната безбедност така и од областа на заштитата од пожари. Така под мотото „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол“ и „Вози одморен“ на возачите им беше појаснета законската регулатива со низа препораки за безбедно управување на патничките моторни возила, како и препораки за почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така им беше укажувано дека секој возач кој конзумирал алкохол повеќе од дозволеното ќе биде строго санкциониран, а воедно граѓаните беа информирани дека заморот е една од главните причини за предизвикување сообраќајни незгоди во овој период. Во рамки на активностите на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.
По однос пак на заштита од пожари главниот фокус беше на причините за избувнување на пожарите, односно ризик факторите за истите, како и околу мерката за целосна забрана за движење во шуми и шумско земјиште. Со месното населени од Звегор се разговараше и околу и бесправна сеча на дрва односно законските импликации одтаа исто така штетна и незаконска активност. Полициските службеници посочија низа конкретни примери и практични совети за правовремена заштита и превенција од пожари, како и почитување на воведената мерка за забрана на движење во шуми и шумско земјиште.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево