Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево Иван Гоцевски во текот на вчерашните попладневни часови реализираше работен состанок со дел од жителите на село Ѕвегор, на кој што се разговарало за потребата од ургентно решавање на проблемот со водоснабдувањето на селото со вода за пиење.
На состанокот жителите на селото Ѕвегор ги искажале своите мислења и ставови во врска со овој егзистенцијален проблем кој од година во година се повеќе се влошува, што е дојден до фаза на нетолерантност.
На состанокот било договорено жителите на селото да поднесат граѓанска петиција до Советот на Општина Делчево за итно решавање на проблемот, а од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да биде поднесена пријава против непознат сторител до Основното јавно обвинителство во Делчево за загрозување на правото на живот за жителите на селот Ѕвегор.
Во врска со одржаниот состанок свое соопштение до јавноста упати Иван Гоцевски- Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Делчевскиот совет чиј што текст во продолжение го пренесуваме интегрално:
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА:
По вчерашното свикување на Собир на жители на село Ѕвегор на кој бев поканет како координатор на Советничка група на Вмро-Дпмне Делчево на кој што е се разговарааше за итната потреба за надминување на проблемот со снабдување на вода за пиење за домаќинствата во село Ѕвегор беа донесени неколку важни заклучоци. Од моја страна на мештаните им беше укажано дека, ние Советниците како народни избраници кои што ги застапуваат интересите на жителите на општина Делчево во Советот на Општина Делчево, наша должност е да ги сослушаме проблемите на граѓаните и заеднички да понудиме решенија за нивните проблеми. Проблемот со водоснабдување на село Ѕвегор е егзистенцијален проблем и мораме заеднички да најдеме решение за истиот во наредниот период.
За овој голем проблем мештаните ќе си покренат ПЕТИЦИЈА до градоначалникот и Советот на општина Делчево за итно надминување на овој нивни проблем и нивните барање итно да бидат разгледани на наредната седница на Совет на општина Делчево која ќе се оддржи сега во понеделникот на 28.07.2025 година од 9:00 часот.
Од мене добија уверување дека од страна на нашата советничка група деновиве по сумирање на сите забелешки од состанокот и консултација со нашиот правен тим ќе биде поднесена соодветна ПРИЈАВА против НЕПОЗНАТ сторител до Основното јавно обвинителство за загрозување на правото на живот на жителите на село Ѕвегор преку оневозможување на достава на вода за пиење за домаќинствата во селото со следните аргументи:
-Постоење на селски водовод граден со сопствени сретства на жителите на село Ѕвегор, кој им е одземен од владение преку прекинување на доток на водата од постојните каптажи во постојната мрежа;
-Реализирани градежни работи на терен за изградба на нова водоводна мрежа, со нови хидротехнички објекти во функција за водоснабдување на селото со вода;
-постојани дефекти на новоизградената мрежа и водоводен систем;
-незавршена правна процедура за пуштање во употреба на новоизградениот водоводен систем за село Ѕвегор;
-игнорантски однос на градоначалникот на општина Делчево кон овој проблем со години наназад кој по закон и Статут за работа на општина Делчево (член 15, став 4) има ОБВРСКА да обезбеди квалитетна вода за пиење.
Истата веќе е во изготвување и истата по поднесувањето ќе биде објавена ЈАВНО!
Решението на овој проблем не е лесно, но час поскоро мора да го има…”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Иван Гоцевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина