Денеска на своето вечно почивалиште на градските гробишта во Бутел беа испратени кон вечноста посмртните останки на Македонскиот бард и еден од најзначајните илустратори на современата карикатура Јордан Поп Илиев.
Публиката во Македонија неговото творештво имаше можност да го запознае кон крајот на 70-тите години од минатиот век. Делчевската публика имаше ексклузивна можност во 2016 година преку негова изложба по повод 50 годишното творештво да се запознае со неговите карикатури директно во Фоајето во Спомен домот АСНОМ во Делчево во рамки на V меѓународен фестивал на карикатура и афоризам “Делчево 2016”.



Јордан Поп Илеев е роден e во Неготино. Завршил Философски факултет – група Педагогија со Историја на уметност. Карикатурата му е преокупација уште од најрано детство. Активно почнува да црта карикатури од 1968-69 год. Објавувал карикатури во сите хумористични листови и во повеќе дневни листови низ екс-Југославија. Во 1977 год. ја издава првата книга со карикатури под наслов „Рогови“. Поп Илиев е еден од основачите на Здружението на карикатуристите на СРМакедонија во 1980 год. и на ФЕКО-Здружение на карикатуристите во светот.
Во 90-тите години од минатиот век бил редовен соработник во најпознати светски сатиричнохумористични листови: „Nebespalter“, Швајцарија; „Pardon“, Германија; „100-Blagues“, Франција и „Ca Bala“, Италија. Препечатуван е во сите хумористично-сатирични листови во светот. Самостојно изложувал свои дела во Амстердам -1984, Тренто -1989, Габрово -2008 и Северен Кипар -2008 год. Учествувал на повеќе групни изложби во странство и застапен е во околу 400 каталози.
Тој е прв македонски карикатурист кој отворил самостојна изложба на карикатури во странство (Легница, Полска, 1980 год.). Самостојно изложувал во Скопје (1981) како и во неколку градови низ Р. Македонија. Илустратор е на неколку учебници за основно и средно образование и илустрирал повеќе книги од самостојни автори. Застапен е во повеќе музеи на карикатурата во светот (Тренто, Толентино, Техеран, Габрово, Берлин, Истанбул, Мексико, Варшава, Монтреал, Рио де Жанеиро…). Застапуван е и во календари, рекламни паноа и плакати. Учесник е на низа колонии и собири за карикатури низ Европа.
Имал свои рубрики во неколку листови („Вечер“- „Црно на бело во колор“, во 1990-тите). Во „Дневник“ секојдневно соработувал од 2010 до 2013 год. Во овој период има изработено 1156 карикатури. Бил член на жири комисија за карикатури во Турција, Бугарија, Азербејџан, Косово и на повеќе конкурси во Скопје и низ Македонија. Денес, негови презентаци можат да се видат и на повеќе електронски страни за карикатура во светот (околу 180 карикатури и скратени текстови).
Поп Илиев е добитник на преку 100 награди и признанија на меѓународни конкурси и фестивали за карикатура, како и на десетина признанија од домашните простор.
Јордан Поп Илиев е долгогодишен соработник на Весникот за хумор и сатира Остен и Светската галерија на карикатури.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гане Тодоровски: Нашиот Сандански
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!