БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Паника во СДСМ Делчево! Дали ќе имаат свој кандидат за градоначалник на локалните избори во Делчево?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И покрај тоа што многу брзо наближуваат Локалните избори кои што би требало според најавите да се одржат на 19 Октомври, СДСМ Делчево се уште нема определено свој кандидат за градоначалник на општина Делчево кој ќе му парира за најпрестижната локална функција на Иван Гоцевски од редовите ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатурата на Иван Гоцевски како кандидат за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше објавена пред повеќе од два месец, додека од владеачката партија на локално ниво во Делчево се уште се колебаат дали воопшто ќе имаат кандидат за градоначалник на оваа општина на претстојните избори.

Од извори кои што ја познаваат многу добро внатрепартиската состојба во СДСМ ОО Делчево дознаваме дека никој во оваа општинска организација не сака да се нафати на кандидатура за градоначалник на Делчево, поради катастрофалниот рејтинг на партијата помеѓу делчевчани. Обидите на актуелното раководство на СДСМ ОО Делчево под притисок на Венко Филипче и централата на СДСМ во Скопје да постават било кого за кандидат во изминатиот период не вродиле со плод, најмногу поради меѓусебната неподносливост на различните групации и лоби групи во СДСМ во Делчево. Актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски во никоја варијанта не сакал да се нафати да трча по трет пат на Локални избори како кандидат на СДСМ, соочен со катастрофалниот рејтинг за чија што појава и самиот тој е најодговорен како резултат на лошите политики во изминатите 8 години од неговиот мандат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Последно што дознаваме од внатрепартиски извори во СДСМ ОО Делчево е дека Централата во Скопје и Венко Филипче се залагале и притискале кај еден поранешен кандидат за градоначалник на Делчево на минати локални избори кој што пред јавноста настапувал како независен кандидат да ја прифати кандидатурата на СДСМ ОО Делчево како последна опција со која би истрчале на локалните избори во месец октомври.

Дали и со кој кандидат од СДСМ ќе истрчаат на локалните избори оваа есен останува да видиме во деновите кои што доаѓаат, но едно е сигурно, дека СДСМ во Делчево е во длабока политичка криза, распарчена на голем број фрагментирани групи помеѓу кои што постојат огромни непремостливи разлики. Кон оваа ситуација која е крајно неповолна за СДСМ Делчево допринесува и се поотворениот и помасовен одлив на членство од оваа партија во редовите на Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски во Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace