Постапката за реализација на проектот за санација на постоен армирано бетонски плочест пропуст на магистралниот пат А3 на делница Делчево- Македонска Каменица на Црквенска река на излезот од Делчево кон Македонска Каменица е во напредна фаза,
Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија пред повеќе од еден месец го потпиша договорот за спроведување на Јавна набавка за реализација на проектот со кој се предвидуваат обемни инженерска работи, се со цел за обезбедување на техничко решение по највисоки стандарди за изградба на вакви градежни објекти, за овозможување на безбеден и долготраен сообраќаен проток на посочената сообраќајна врска.
Овој армирано бетонски плочест пропуст- систем проста греда беше видно оштетен со што беше нарушена неговата функционалност по поплавите кои ја зафатија општина Делчево во 2023 година кога беше исклучен од сообраќај а потребите на обезбедување на сообраќаен проток за делчевчани беше изведен импровизиран премин преку Црквенска река како времено решение кое до ден денес се користи
Неспособноста на СДСМ ги држи во сообраќајно заложништво граѓаните на Делчево – БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ
Системското решение на проблемот не започна се до почетокот на оваа 2025 година откако претходно беше вклучен во годишната програма за реализација на ЈПДП кон крај на 2024 година.
Регионалниот пат А3 е сообраќајна артерија од државно значење и витално значење за жителите на Делчево за кој што надлежност за негово одржување има ЈПДП на РМ кои распишаа тендер за избор на најповолен понудувач за Изработка на основен проект кој резултираше со потпишување на Договорот на 1 јули оваа година од страна на Економскиот оператор ДИВИ МАкедонија ДОО.

Според Проектната задача дефинирана од страна на експерти од Градежниот Факултет за ваков тип на конструкции на предметната локација од страна на изведувачот потребно е да се изработат сите конструктивни елементи по највисоки стандарди за ваков тип на објекти што ќе обезбедат долговечност на овој АБ пропуст, но и решение кое што ќе обезбеди соодветен проток на водотекот кој го премостува и одведување на атмосферските води од целиот објект, како и заштита на животната средина на предметната локација.
Реализацијата на овој проект е од огромно значење за безбедноста на сообраќајот на посочената патна делница која што е најфреквентна сообраќајница во овој дел од државата.
Според одредбите на договорот Економскиот оператор има рок од 10 месеци за реализација на предвидените активности со можност за продолжување или скратување на овој период согласно објективни причини. ЈПДП за реализација на овој договор ќе потроши 3.270.00,00 денари (цена без ДДВ) предвидени во годишниот план на претпријатието..


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
После повеќе од 20 години постоење улици во населбата “Пролет” во Делчево деновиве добиваат нормална сообраќајна инфраструктура
Успехот заслужува признание – Општина Берово ќе наградува ученици и ментори за постигнување на врвни резултати
Уште една компанија ја препозна посветеноста на градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски