Пред повеќе од три месеци на 10.06.2023 година директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски најави дека “магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево (А3) ќе биде пуштен во употреба во вторник, 13.06.2023.”
Оваа патна делница е единствена брза и најкратка релација за сообраќајно поврзување на Делчево со остатокот од државата која ден денес на ова место каде што беше оштетена при невремето кое го погоди Делчево на 8 јуни оваа година. Сообраќајната сигнализација и купот песок сугерираат дека тука се уште се одвиваат некакви градежни работи, но од градежна механизација нема ни трага на лице место. До кога ќе се врши санацијата на овој оштетен мост секојдневно се прашуваат граѓани кои патуваат на оваа релација чии што проблеми се одразуваат врз безбедноста на сообраќајот.

Слична ваква состојба на патот А3 е присутна кај свлечиштето во близина на Истибања каде што на трупот на патот стои огромен одрона на карпи веќе 7 години по ред додека надлежните смислиле “иновативно” привремено решение кое стана прилично постојано. заобиколувајки го свлечиштето формирајки кривина на патот со никакви стандарди кон течението на река Брегалница.
За ваквата состојба реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево од каде доаѓа заложбата за изградба на целосно нов експресен пат меѓу Делчево-Македонска Каменица-Виница преку Калиманско поле со што значајно ќе се подобрат условите за сообраќај во овој дел од државата.
“ Неспособноста на СДСМ во Делчево стана знак за препознавање за хаосот во кој делчевчани секојдневно се будат и заспиваат
Цели ТРИ месеци неспособната и криминална власт на СДСМ во Делчево не можат да ја оспособат единствената сообраќајна артерија за граѓаните на Делчево за нормална комуникација со остатокот од државата
Повеќе од ТРИ месеци поминаа откако Директорот на ЈПДП Костадин Ацевски најави дека ќе го санираат проблемот на мостот на регионалниот пат А3, а граѓаните секојдневно мораат да возат под опасност на негово уривање.
Сличен ваков проблем повеќе од 7 години демне над главите на возачите кои транзитираат по оваа патна делница во близина на село Истибања каде одрон од карпи лежат врз самиот пат.
Цел еден град и регион е во заложништво на неспособноста на неколкумина неспособни функционери на СДСМ во владата во чии ингеренции е решавањето на овие проблеми.
Очигледно дека овие проблеми не допираат ниту до градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, ниту до раководството на СДСМ во Делчево, ниту до мнозинството советници во Делчевскиот Совет.
Наместо грижата за подобар живот за граѓаните, на локалните функционери на СДСМ во Делчево главите им “вријат” од бизнис зделки на грбот на граѓаните “товарајки го магарето” како за нив да нема да има утре, додека Делчево се празни секојдневно.
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна народна партија во својата идна агенда на највисоко ниво го има планот за изградба на ново сообраќајно поврзување на Пехчево, Делчево и Македонска Каменица преку Калиманско поле со експресен пат кој што ќе ги препороди овие три општини преку комуникацијата со остатокот од Република Македонија.
На граѓаните на овие три општини доста им беше од “животот” кој го донесе СДСМ со Зоран Заев, Димитар Ковачевски и нивните поставени функционерчиња кои се заборавија во фотелјите на грб на постраданите граѓани.
Наредните парламентарни избори се единствен спас од катаклизмата наречена СДСМ“
-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО упатена преку социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола
Жителка од с. Лаки, виничко заработи кривична пријава за упатување на заканувачка содржина преку соц. мрежа
В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање