Градежна механизација на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта денеска пристигна во Делчево за работа на локацијата на дестабилизираниот и оштетен мост на регионалниот пат А3 кај Црквенска река, каде што веќе 2 години лежи отворен проблем во однос на функционирањето на оваа важна сообраќајница која е единствена патна врска на граѓаните на Делчево со Македонска Каменица, Виница Кочани и остатокот од државата.
На лице место може да се види и насип oд гранулиран дробеник кој најверојатно ќе служи за насип на патот каде што треба да се врши санацијата на мостот.
Дестабилизацијата на темелните стопи на крајните столбови со крилни ѕидови беше предизвикано од диви ископувачи на шљунак во коритотот на Црквенска Река веднаш до мостот, со што беа појавени физички слегнувања на тлото околу фундаментите на мостот.
Појавата на незаконско црпење на песок како од Црквенска Река така и од останати водотеци во општина Делчево не е нова појава и истата се провлекува со децении нанназад, која потпаѓа под ингеренции за сузбивање на криминал на секторот за внатрешни работи од Штип и Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево, за што во изминатиот период јавноста во Делчево нема информации дали и како е постапувано во врска со исцрпувањето на песок на оваа локација што доведе до дестабилизација на овој мост.
Во изминатите години од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево беше во повеќе наврати реагирано со видео и фото докази за ископот на минерални суровини- речен песок во непосредна близина кај мостот на ул. Индустриска во Делчево од страна на службените возила на ЈКП “Брегалница” Делчево, за што гласот на јавноста на овие информации никако не стигнаа до надлежните службени лица во полицијата во тој период.
До кога државните органи ќе бидат глуви и неми за овој вид на криминал кој што се случува пред очите на сите останува да видиме во наредниот период. Истовреме на граѓаните им останува да се надева дека надлежните органи во рамки на Министерството за транспорт и врски како и Јавното претпријатие за државни патишта и Ј.П за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта ќе успеат да го санираат овој мост во многу кус временски рок кој што е витален инфраструктурен објект од највисоко значење за сообраќајната комуникација на делчевчани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција