БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сашко Ивановски: Коритото на река Брегалница претворено во воена зона во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од коритото на река Брегалница во централното градско подрачје во Делчево од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја алармираат јавноста за ископот на минерална суровина- речен песок што се врши на оваа локација од страна на вработени во ЈПКД “Брегалница” Делчево со градежна механизација и транспортни возила на јавното претпријатие.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево алармираше дека оваа локација е претворена во воена зона при што се нарушува природниот водотек на реката Брегалница а е уништена и животната средина.

“Граѓаните песокот го купуваат од од концесионери додека јавното комунално претпријатие Брегалница нашло некој друг начин тоа да го прави. Од сето ова прашуваме: Дали ЈП Брегалница има дозвола да врши ископ на ова подрачје? Дали директорот на своите вработени издал налог да вршат ископ? За што се користи песокот од оваа локација?”,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-прашува Сашко Ивановски од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево. Притоа претседателот на опозициската партија ги повика надлежните органи да го преиспитаат овој случај кој што се случува оа очиглед на целокупната јавност во Делчево за елементи на кривична одговорност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace