Во изминатиот период прикриени мегафони на власта интензивно и жестоко бараа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го напуштат Македонскиот парламент со некаква наводна цел за радикализација на политичката состојба во државата и неизвесен пад на власта на Зоран Заев кој не е јасно како би се реализирал. На ваквите гласни поединци многу често им се придружуваа и изманипулрани граѓани кои веруваат дека власта на Зоран Заев може единствено да падне со напуштање на сите институции од страна на опозициската партија.
Но борбата која ја манифестираа опозициските пратеници кои цели 21 час одбрана од предложениот штетен закон со кој државата предводена од СДСМ и Зоран Заев сака на приватна компанија над 33 милиони евра со легализација на оваа постапка од страна на мнозинството во парламентот во вид на закон.
Од ваквите намери на власта за молскавично носење на штетни закони, ВМРО-ДПМНЕ покажа зошто треба да остане во парламентот за да ги блокира истите по легален демократски пат.