Денеска со своја прес конференција од партискиот штаб во Делчево Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски ја алармираше јавноста за акутниот проблем со кој што се соочуваат делчевските пожарникари поради немањето на капацитет на градоначалникот на Делчево да го менаџира работењето на оваа институција за чија што функционалност тој има директна одговорност.
“Своеволие, самобендисаност и свесно уништување на сите институции е само дел од начинот на кој Горан Трајковски раководи со општината и се однесува со вработените под негова наредба.
Господине Трајковски добро е да знаете дека пожарникарите се хероите на секој град, на секоја општина. Со месеци изложени на тешки, опасни и животозагрижувачки задачи, за да ја заштитат нашата безбедност и ни пружаат сигурност.
Сакаме да ја информираме делчевската јавност за тоа дека пожарникарите во Делчево се мачат да си ги добијат своите законски неисплатени плати, надоместоци од плата и додатоци од плата кои и преку судски пат им се добиени, а за вистинитоста на кажаното е ова судско порамнување!
Господине Трајковски добро е да знаете на неколку месеци пред официјалното ваше заминување од позицијата Градоначалник дека ваша законска обврска е да ги исплатите пожарникарите, и нивните чесно заработени пари, кои со страв по животот си ги заработиле.
Господине Трајковски објаснете им на делчевчани како додека сите општини во државата даваат приоритет на пожарникарите, само во општина Делчево, хероите се делат на “ваши и наши”, за што сведочи и тоа што на дел од вработените во ТППЕ Делчево како што и дознаваме од страна на укажувачи имате исплатено, а дел немаат видено ниту денар.
Господине Трајковски, униформите на пожарникарите се во очајна состојба и имаат потреба од нови, но за жал ваш единствен проблем е на која атрактивна дестинација ќе отидете на зимување.
Господине Трајковски, пожарникарите и те како ни се потребни, нивните проблеми се и наши проблеми . За нив мора да има правда а не колапс и долгови. Свестете се!”
-рече Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево на денешната прес конференција.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција