БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Општина Лајонс Кристофер Гети во посета на Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го прими во посета Кристофер Гети, градоначалникот на Општина Лајонс од Илиноис во Соединетите Американски Држави.  

– Доаѓам во Кочани, општина со која сме збратимени, за да пренесам поддршка и добра волја по трагедијата што се случи овде. Општина Лајонс останува посветена на поттикнување на меѓународното пријателство и соработка и заедно со нејзините жители стои здружено со граѓаните на Кочани во ова тешко време, нудејќи искрено сочувство и непоколеблива поддршка –  рече градоначалникот Гети, кој потпиша писмена прокламација за продолженото пријателство меѓу општините.

Заблагодарувајќи се за поддршката, Крстевски ги истакна напорите за нормализирање на животот по несреќата во Кочани и потребата за коренити системски промени што ќе влијаат на квалитетот на функционирањето на заедницата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот Гети и делегацијата од Лајонс ја посетија ТППЕ – Кочани и во чест на херојските дела на кочанските пожарникари и многуте спасени животи за време на трагичниот пожар во „Пулс“, на командирот Драган Апостолов му подарија пожарникарска секира од  Противпожарната служба на Општина Лајонс.  Соработката на Општина Кочани со американската општина Лајонс, којашто се наоѓа во непосредна близина на Чикаго, започна пред една година по иницијатива на кочански иселеници во САД. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace