Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има ново раководство кое ќе ја продолжи имплементацијата на „Еразмус“ во Македонија, како и на неколку други европски програми за образование и мобилност. За в.д. директорка на институцијата е избрана Ана Михајлов, која доаѓа од редот на вработените и има искуство во областа повеќе од 15 години.
Денес и’ посакав успех во раководењето со оваа институција која има важен дел од напорите на државата за интегрирање на македонскиот образовен систем во европскиот образовен простор.
Како национален авторитет, Министерството за образование и наука продолжува да ја следи работата на Агенцијата и преку редовна комуникација со образовните и научните институции и тела во рамки на Европската комисија да гарантира правилно и оптимално работење, како и континуирана надградба на капацитетите на институцијата.
-Интегрален текст на соопштение на Министерката за образование и наука Весна Јаневска

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист