Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Длечево и Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку социјалните мрежи повторно упати порака за важноста за заживување на проектот за ТИРЗ Делчево. Овој капитален инфраструктурен проект е важен не само за општина Делчево туку и за поширокиот регион и државата, за чија што имплементација е потребна интензивна и посветена соработка на Владата на Република Македонија преку Дирекцијата за ТИРЗ и ЕЛС Делчево во периодот кој следи..
“Уште пред повеќе од една година гласно зборувавме за важноста на развојот на ТИРЗ Делчево.
Една од основните наши заложби како идна локална власт ќе биде повторно да заживее проектот за развој на Технолошко-Индустриската развојна зона во Делчево кој што беше прекинат во 2016 година со доаѓањето на СДСМ на власт во државата и во локалната самоуправа во Делчево.
Станува збор за површина од 20.83 ha во атарот на КО Делчево на која според планскиот опфат и планската документација на ТИРЗ ДЕЛЧЕВО има 8 градежни парцели, организирани во 4 блокови, кои имаат разна намена.
Според своите карактеристики ова индустриска зона на крајниот исток од државата има повеќе компатибилни предности во однос на останатите ТИРЗови низ државата а пред се тоа е нејзината географска местоположба до соседна Бугарија.
Така според намената на парцелите кои што се предвидени ТИРЗ Делчево може да биде голем логистички центар за Балканот како и центар за производство на стоки за мало-потрошувачката за потребите на маркет-синџирите во околните региони.
Токму поради оваа причина нашиот фокусот е јавноста и граѓаните на Делчево повторно да биде насочени кон овој стратешко-економски проект за кој што е насушна потреба за реализација покрај редица други приоритети.
Зошто?!
Затоа што економскиот развој на Делчево мора да биде врвен приоритет на сите политички структури застапени во општествениот живот на локално ниво.
Консензусот за отварање на нови високоплатени работни места за граѓаните на Делчево мора да биде прв приоритет на секоја сегашна и идна власт.
Секакви други трошоци од јавниот буџет како на општината така и од останатите извори на финансирање мора да биде подреден на конкретни економски активности кои што ќе овозможат развој на приватниот сектор, стопанството, Производствените и сервисните дејности за да Делчево може да има каква-таква иднина во наредниот период.
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски кој на претстојните Локални избори ќе ја трча трката за избор на градоначалник на општина Делчево. Наспроти него досега ниту еден политички субјект не објави своја кандидатура, иако веќе времето за објавување на истите се стеснува.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево