Помеѓу илјадниците присутни на вчерашниот гламурозен концерт на музичарите од проектот “Македонијо во срце те носиме” беше и Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски. Тој заедно со свои најблиски соработници даде свој бележит допринос со ракоплескање и пеење на на звуците на добро познатите Македонски народни песни сега преработени во современ колоритен аранжман и испеани со гласот на музичките имиња од помладата генерација на Македонски естрадни пејачи кои се дел од овој проект кој што е во реализација на продукција “Скендеровски”. Во публиката покрај Премиерот Мицкоски беше и Пратеникот Драган Ковачки кој што својата младост ја има поминато токму на овој простор кој вечерва беше осветлен со мноштво ѕвезди под ведрото небо. Секако тука беа и најблиските соработници од Делчево предводени од Претседателот на општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево Иван Гоцевски.
Огромна беше честа што токму Делчево беше избрано за да биде дел од мапата на турнејата низ Македонија на овој музички караван, а оваа чест делчевчани најубаво ја наградија прво со огромно масовно присуство а потоа и со едногласно пеење на добро познатите рефрени.
“Се собрале комитите” испеана од монументалниот глас на Миле Кузмановски беше своевидно крешендо на концертот на кој што која од која беа поубави исполнетите песни. Публиката кон крајот на концертот бараше песна повеќе, не сакајки да го напушти партерот пред летната сцена во центарот на Делчево, веројатно поради фактот што еден ваков незаборавен концерт на Македонска народна музика исполнета во модерен музички популарен аранжман од поодамна се нема случено во Делчево.
Присуството на Премиерот Мицкоски во временски распон од само 15-тина месеци повеќе пати во Делчево зборува за поврзаноста на Македонскиот Премиер со ова живописно гратче на крајниот исток од државата на ниво на пријателство. Кај многумина од граѓаните кои оваа вечер се поздравија со Премиерот веќе стана чин на пријателство и непосредна близина, што како појава беше реткост во минатото да се види кај претходни Премиери на Македонија.
Дополнително огромните напори и залагања на Премиерот и Македонската влада која ја предводи ваквото пријателство го негуваат на особен честит начин со реализација на досега најголем инвестициски циклус во проекти од кои директен бенефит имаат сите граѓани на Делчево.
Целата фото галерија од концертот на музичкиот караван “Македонијо во срце те носиме” во Делчево може да ја погледнете на нашата фејсбук страница во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
12 годишен малолетник од с. Црник пехчевско уdрил со електричен тротинет малолетно дете
Со континуиран ангажман во борба против изворите на загадување на животната средина во Делчево
Физичка пресметка на жители на село Црник, беровско