Министерството за здравство информира дека на 3 септември 2025 година (вторник), со почеток во 13:00 часот, во хотел „Лимак“ – Скопје, ќе се одржи промоција на првата СТРАТЕГИЈА ЗА СОРАБОТКА НА СЗО СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2026–2030 година.
Настанот е наменет за презентација на стратегијата пред претставниците на медиумите, со цел тие директно да се запознаат со стратешките приоритети и идната насока на соработката помеѓу СЗО, предводена од др.Аким Али и нашата земја.
Со оглед на значењето на оваа стратегија и високото присуство на владини и меѓународни претставници, очекуваме медиумите да го проследат целиот настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар