БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДС секојдневно прави стратешки грешки кои ја потврдуваат нивната инволвираност во следењето на претседателот Мицкоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со свое соопштение од Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија упати благодарност до СДСМ за потврдата дека биле биле запознати во штабот на Бихаќка за содржината на прислушкуваните материјали од страна на АНБ, Јавното обвинителство и останати институции пд контрола на СДСМ и ДУИ во период 2018-2025 година.

“Им благодариме на колегите на СДС за денешната прес-конференција.

Нивното однесување сега е како зајак кога ќе застане и ќе се скамени пред рефлектори на кола која забрзано оди кон него да ја удри, а колата ја возат нивните луѓе и нивните прљави структури кои одработувале за нив и за кои се плашат дека сега ќе пропеат. Така СДС, станувајќи смрзнат зајак, почнува да прави суштински стратешки грешки со кои од ден на ден ја докажуваат и потврдуваат инволвираноста на таа партија, нивното лидерство старо и дел од сегашните структури кои работат за нив во целиот овој скандал.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

1.Ако следеле заради делчевски ниви, како СДС го знае тоа или си измислуваат сега изговори?

2.Ако следеле за делчевски ниви, а Мицкоски не е уапсен ниту дел од таа постапка, значи дека и покрај тоа што е следен, СДС знаеле дека нема врска со тој случај, но сепак го користеле како изговор да биде следен случај кој, патем кажано, самото Обвинителство под нивна контрола го повлече заради недостаток на докази и немање на случај.

3.Ако Мицкоски е следен заради било што поврзано со било кој случај, самиот факт што не е уапсен е доказ дека сè што зборуваа од СДС е лага и им благодариме што открија дека и самите знаеле што е вистина дека Мицкоски нема никаква компромитација ниту бил дел од било што нечесно било кога. Уште еднаш, ви благодариме. И конечно, тоа што самите бараат изговори да оправдаат следење на опозицијата (откако веќе докажано знаеле дека нема никаков случај против него и е чист како солза) е само по себе доказ дека се инволвирани и дека нивни структури свесно го правеле ова.

4.ВМРО-ДПМНЕ го повикува обвинителот да не се крие, да се одважи и да излезе да одговори дали ова што го кажува СДС е точно, каква е неговата инволвираност во случајот со следењето, дали презема нешто да го расчисти овој случај или ќе се крие и ќе продолжи да одработува за тие за кои работел цело време. И како ќе го оправда следењето на опозицијата? Исто така, го повикуваме обвинителот да одговори дали следењето на Мицкоски било зашто имало сомневање за криминал, каков криминал и со кои аргументи и докази имало такви индиции? Исто така, го повикуваме обвинителот да каже дали СДС се чесни, дали нивните функционери во минатата влада се чесни и зошто година и пол не покренува ниту еден случај против нив, и покрај купишта докази и допрени гласови од официјални органи и јавноста? Дали Обвинителството е заштитникот на СДС и на криминалот во земјата???

Уште еднаш, со огромна благодарност кон СДС, изразуваме чудење за плиткоста на овие прес-конференции, необмислените напади и ова нивно копрцање и претaње како давеник кој бара сламка. Нема сламка. Сите до еден ќе одговарате. А за брзо време нема ни Обвинителството да може да ве штити. Доаѓаат времиња на правдата во Македонија. Доаѓаат времиња на ресетирање на трулиот систем и финална пресметка со мафијата која не познава ни партии, ни етничка, ни верска припадност. Доаѓаат времиња на расчистување со криминалот и правдата ќе дојде бидете сигурни, иако очигледно, заради спрегата на мафијашите со Обвинителството, касни малку сепак ве уверуваме дека ќе тропне кај сите што се огрешиле.”

-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ упатено до јавноста

Креирано од:


Пренеси го гласот