На 27.09.2025 во 11:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Павлина Вељанова“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од с.Чешиново, општина Чешиново Облешево и патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Б.С. од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.Е.(26) од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Сообраќајка во Кочани со тешки телесни повреди

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
Иван Гоцевски: Mора да се бориме за целосна рамноправност меѓу жените и мажите, што ВМРО-ДПМНЕ во Делчево на силен начин го докажуваме
В.д. градоначалникот на Кочани Крстевски потпиша грант за нови 5 илјади водомери на територијата на општина Кочани