На 07.10.2025 во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани. Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д.(33) од с.Љуботен, скопско, Д.З.(36) од с.Трубарево и И.М.(21) од с.Трубарево, сопатници во возилото „рено“, и по укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Штип– ОВР Кочани.
Сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Штип- Кочани

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Познатиот актер Милош Биковиќ во посета на Берово: Се најавува најголемата инвестиција во историјата на општината
Кривична за 37 годишен виничанец за нанесување на тешка телесна повреда на свој сограѓанин
51 годишен жител на Пробиштип ја загрозил сигурноста на својата мајка