Вчера вечер 15.10.2025 година во рамки на актуелната предизборна кампања за локалните избори свое претставување на централниот плоштад во Делчево на голем општонароден митинг имаше кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски.
Настанот иако беше закажан за 20.00 часот, атмосферата низ сите населби на Делчево почна да се вжештува уште пред 19.00 часот. Членството на ВМРО-ДПМНЕ почна да се групира пред месните штабови и месните комитети во сите населби низ Делчево уште доцна попладнето, на што се придружија огромен број партиски неопределени граѓани, и што е уште по индикативно и симпатизери и дури и членови од други партии.

Така што накај 19 часот пополека од населбите низ Делчево почнаа да течат реки на луѓе кон летната сцена каде што веќе беше поставена малата бина за политичкиот настан.
Тапани, зурли, лимен оркестар, знамиња, транспаренти….
Народот на Делчево како да идеше на протест, a пораката беше една и единствена: СДСМ во Делчево паѓа од власт.

Ваква енергија, ваква решителност на јавна сцена во Делчево немало подолго време што е сигурен индикатор дека граѓаните на Делчево се решени да си ја земат судбината за наредните 4 години во свои раце.
Над 800 граѓани на Делчево наспроти сите штетни политики на изминатата владејачка гарнитура од СДСМ со кои ги отуѓија институциите на локалната самоуправа од народот, сепак се собраа во центарот на Делчево јасно и гласно да кажат дека си ги сакаат институциите повторно таму каде што им е местото- во служба на народот.

Пред присутните жители кои беа дојдени од сите села и доминантно од градот Делчево се обрати Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот Парламент Драган Ковачки кој што во своето обраќање ја истакна потребата граѓаните да излезат на овие избори и да упатат силна и јасна порака каде Делчево треба да се движи во наредните 4 години.

Потоа на малата сцена пред насобраните поддржувачи се обрати и Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски која во најголем дел од своето обраќање зборуваше за планираните проекти за реализација со кои што ќе го подобри животот на делчевчани во периодот кој што следи.

Доминантно место во неговите програмски определби е локалниот економски развој како и проектите од областа на безбедноста и заштитата на животната средина.
На крај од митингот во Делчево пред делчевчани се обрати и Премиерот Христијан Мицкоски кој на воодушевување на сите ја потврди реализацијата на експресниот пат Делчево-Виница- Кочани кој што е во програмата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за чија што имплементација е потребна континуирана и интензивна соработка со идниот градоначалник на Делчево.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип