Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија Митко Костадиновски пред целокупната јавност во Виница презентираше еден особено важен инфраструктурен проект кој што се однесува на сите жители на Виница.
Станува збор за проект за изградба на нова портска сала во склоп на Основното Општнско Училиште “Ванчо Прќе” во Виница чии што ученици имаат потреба за ваков објект заради успешна и квалитетна реализација на наставните содржини поврзани со спортот во училиштето.
Поддршката што ја доби во Првиот круг на локалните избори од сите граѓани на Виница Митко Костадиновски го мотивира уште посилно да работи и да се заложи за имплементација на сите предвиден проекти во неговата програма од кои што бенефит ќе имаат сите граѓани на Виница.
“ОУ „Гоце Делчев“ е единственото училиште во градот Виница што нема спортска сала, поради тоа предвидуваме изградба на училишна спортска сала која ќе биде сместена во дворот на основното училиште.”
-напиша на социјалните мрежи Митко Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево