БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владко Грозданов: Поддршката од Владата ќе овозможи голем број проекти за подобар живот на сите жители на Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Надпартискиот кандидат за градоначалник на општина Кочани поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија Владко Грозданов изминатиот викенд ги реализираше своите планирани предизборни активности со постојана комуникација со жителите на Кочани. Посетите на сите населени места е негов препознатлив начин на комуникација со кочанчани од каде што покрај презентацијата на зацртаните проекти во неговата програма произлегуваат и бројни конструктивни предлози и идеи за подобрување на живеачката во Кочани.

Тоа што е клучно за иднината на Кочани секако е поддршката на сите локални и државни институции кон подигање на нивото на квалитето на живеење за оваа општина која ја преживеа најтешката и најпотресна катастрова пред неколку месеци, а фокусот и тимската работа се неопходен предуслов за да заживеат институциите кои што мора да работат многу посветено но и ефикасно за да се надмине актуелната состојба во општината.

Токму затоа потребна е синхонизација на централната и локалната власт за да може да се имплементираат сите проекти за враќање на надежта за сите граѓани на Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поддршката на централната влада е клучен фактор во таа намера за постигање на оваа цел која може да се реализира само со многу работа на сите релевантни чинители одговорни за јавниот живот во Кочани.

Со своја порака во јавноста токму во оваа насока се обрати и надпартискиот кандидат Д-р Грозданов кој што е силно решен да работи во интерес на сите граѓани на Кочани, кој што како град заслужува многу поубава перспектива.

“Поминавме повеќе од четири недели заедно рамо до рамо, на терен, разговарајќи искрено за нашите заеднички грижи, соништа и потреби. Во оваа кампања не зборував само за политики и бројки, туку за луѓето. За вас. За секој човек во Кочани кој заслужува подобар живот, почиста и побезбедна средина, повеќе можности и достоинствен стандард.

Мојата визија беше и останува Кочани за сите, град на проекти, на развој, на надеж. Град каде што институциите работат за граѓаните, а не за лични интереси. Благодарен сум што имам целосна поддршка од Владата за реализација на бројни проекти кои ќе донесат нова енергија, нови инвестиции и подобри услови за живот. Но уште поважно како ваш иден градоначалник, ветувам дека сè што е во рамките на локалната самоуправа ќе биде насочено кон промени кои ќе се чувствуваат: конкретно, одговорно и чесно.

Никогаш нема да заборавиме на трагедијата што не потресе. Таа нека ни биде опомена, но и поттик да не дозволиме никогаш повеќе такво нешто да се повтори. Со поддршка од Владата и со мојата лична посветеност, ќе направиме сè што е потребно за да го заштитиме животот и достоинството на секој граѓанин.

Во меѓувреме, сакам да се осврнам и на неодамнешни наводи дека сум „бегал“ од предизборни соочувања.

Тоа едноставно не е точно.

Доказ за мојата отвореност и посветеност на транспарентна кампања се двете реализирани предизборни соочувања на кои учествував заедно со противкандидатот Крстевски – на ТВ Кочани и Канал 77.

Моја цел беше медиумското претставување да биде одмерено и содржајно, а не пренападно и агресивно, бидејќи граѓаните имаат повеќе од доволно можности да се запознаат со програмите на сите кандидати.

Верувам дека граѓаните на Кочани се зрели, информирани и способни да ја донесат својата одлука без потреба од медиумска бучава во завршницата на кампањата.

Јас не дозволив и нема да дозволам, Кочани повторно да се врати назад. Моја должност е да бидам глас на вистината и чувар на јавниот интерес. И во наредните четири години ќе останам посветен на тоа чесно, одговорно и транспарентно.

Кочани заслужува повеќе. Кочани заслужува вистинска промена со срце, со визија и со дело. Заедно можеме и затоа во последните денови од оваа кампања ќе продолжам соодветно да ги промовирам проектите кои ги нудиме.

Убеден сум дека граѓаните на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, изборот за иднина, за стабилност и за Кочани што чекори напред!

#ВистинскиотИзбор#ЗаТвојатаИднина#ЗаокружиБрој9

-напиша на социјалните мрежи Д-р Владко Грозданов во своето соопштение упатено во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот