БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јорданчо Костадинов утре пред жителите на село Соколарци ќе ги презентира своите програмски определби за подобрување на животниот стандард

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” за општина Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов утре во попладневните часови ќе се сретне со жителите на село Соколарци.

Во рамки на неговите директни средби Костадинов ќе ги презентира своите програмски определби, а се очекува селото да го посет и Премиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски.

“Во понеделник, 27 октомври 2025 година, во 16 и 45, ќе имаме чест да го пречекаме Претседателот на Владата на Република Македонија заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов 🙌

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

👉 Настанот ќе се одржи во населеното место Соколарци, каде што ќе се одржи средба со граѓаните, разговор за тековните и идните проекти, како и визијата за развој на нашата општина.

💬 Да бидеме сите заедно — со силна поддршка, обединети и со јасна порака за подобра иднина!

🗓️ Понеделник, 27.10.2025
📍 Соколарци, до основното училиште.
⏰ 16:45 часот

Ве очекуваме!”

-информира Јорданчо Костадинов преку социјалните мрежи

Креирано од:


Пренеси го гласот