Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше работна средба со Министерот за демографија и млади Ѓоко Велковски при што разговараше за плановите за имплементација на проектот за санација и доградба на детската градинла “Ѕвездички” во село Облешево.
“Денес, заедно со Заменик министерот за демографија и млади Ѓоко Велковски, направивме увид во состојбата на детската градинка во Облешево.
🌟 Санација, доградба и реконструкција на детската градинка „Ѕвездички“ ќе биде еден од првите проекти после завршување на изборите.
👶 За нашите најмали – за нашата иднина!
Нема повеќе листи за чекање на дечиња во Општина Чешиново – Облешево!
Време е децата да имаат топол, безбеден и модерен дом полн со љубов и насмевки. 💫”
-нашиша на социјалните мрежи Јорданчо Костадинов во врска со оваа средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина