БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кривична против службеник во општина Свети Николе: мерел помала јавна површина што ја користел угостителски објект со што направил штета од над 100 илјади денари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против П.Ј.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, на работно место во Сектор за урбанизам во Општина Свети Николе, во 2024 и 2025 година, постапувајќи по поднесени барања за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема од правен субјект од Свети Николе, составил записник за извршен увид на местото во кој навел неточен податок, односно помала површина од реалната која ќе се користи, изготвил одобренија за поставување на урбана опрема и ги доставил за потпис до градоначалникот на општина Свети Николе.

После тоа, биле склучени договори за времено-сезонско користење на јавни површини во периодот од 01.01.2024 до 16.04.2025 и на тој начин го оштетил буџетот на Општина Свети Николе за 105.504 денари

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace