БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Работилница за експериментална фотографска техника- Морденсанж

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 10 и 11 ноември во организација на професор Соња Димовска, по предметот графички техники се одржа работилница за експериментална, алтернативна фотографска техника – Морденсаж. Оваа работилница е резултат на соработката помеѓу ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје и Зрно Фестивал. Под водство на Емилија Сандиќ, дипломирана уметница од Србија и Сашо Алушевски – двајцата дел од тимот на Зрно, учениците од II година – графички оддел создаваа дела врз основа на свои, авторски аналогни фотографии.

Морденсаж е алтернативна фотографска техника во која готовата црно-бела фотографија се потопува во кисел раствор што ја разградува фотографската емулзија, па делови од сликата се одвојуваат, превиткуваат и добиваат тродимензионален органски изглед. Оваа постапка комбинира контрола и случајност-создава ефект на распаѓање, движење или „живеење“ на фотографијата, како поетска метафора за време, меморија и распаѓање на сликата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace