Доха, Катар – Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за добро владеење, г. Арбен Фетаи, учествуваше на 11-тата сесија на Конференцијата на државите членки на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (COSP11), која се одржува во Доха.
Заменик претседателот, Фетаи, се обрати на панел-дискусијата посветена на сеопфатните антикорупциски стратегии во Југоисточна Европа, при што истакна дека антикорупциските политики и стратегии можат да обезбедат одржливи резултати само доколку се поддржани од силно владино лидерство, ефикасна институционална координација и активно учество на граѓанското општество.
Во своето излагање, Фетаи нагласи дека стратешките документи имаат суштинска вредност единствено доколку се преточат во конкретни механизми за имплементација, следење и отчетност, со што фокусот се пренасочува од формални заложби кон мерливи и конкретни резултати.
Осврнувајќи се на искуствата на Република Северна Македонија, тој ја потенцираше важноста на пристапите базирани на податоци, дигитализацијата на процесите и институционалната транспарентност како клучни алатки за намалување на ризиците од корупција и за зајакнување на јавната доверба во институциите.
Учеството на заменик претседателот на Владата, Фетаи, на COSP11 претставува дел од континуираните меѓународни активности на Владата на Република Северна Македонија насочени кон унапредување на доброто владеење, зајакнување на институционалниот интегритет и продлабочување на регионалната и меѓународната соработка во борбата против корупцијата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!