Младиот Стивен Ивановски кој што се водеше за исчезнат по пожарот во Кранс Монтана во Швајцарија, денеска во македонските медиуми беше соопштено дека на жал е пронајден починат.
Семејството на ова 17 годишно момче е по потекло од делчевското село Ѕвегор, каде што живеат нивни роднини и пријатели кои што неверување ја дочекаа оваа трагична вест.
По обзнанувањето на трагичната реакција во јавноста се обрати градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски кој изрази сочуство и поддршка за семејството.
“Со тежина на душата и нема болка, Делчево и Ѕвегор со неверување денес стојат со неизмерна тага.
Еден млад живот, полн со надежи, соништа и иднина остана недораскажан, а патот по кои што беше тргнат – недовршен.
Пожарот во дискотеката во Кранс-Монтана во Швајцарија го украде животот на нашиот Стивен и остави празнина во нашите срца.
Од мое лично име упатувам порака на утеха и поддршка во овие тажни мигови до семејството на нашиот сограѓанин.
Нека споменот за него биде вечен, нека се претвори во тивка молитва за покој на неговата душа.
Не си заминуваат луѓето што ги носиме во нашите срцата.
Бог да го прости.![]()
![]()
“
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на Длечево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево