Министерот за надворешни работи и надворешна трговија во Владата на Република Македонија Тимчо Муцунски преку социјалната мрежа Икс се обрати во јавноста по веста за апсењето на венцуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на безбедносни сили на САД:
“Ја поздравувам објавата на Претседателот на САД Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.
Исто така, го пофалувам Државниот секретар на САД Марко Рубио за неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.
Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија.”
-напиша на социјалните мрежи Тимчо Муцунски- Министер за надворешна политика и ндаворешна трговија во Македонската влада.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција