Од Берлин во рамки на својата работна посета на министерската средба која се реализра како дел од Берлинскиот процес, со своја порака во јавноста се обрати Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипунвски:
“На денешната министерска средба во рамки на Берлинскиот процес, истакнав дека остануваме цврсто посветени на европската интеграција и на зајакнување на регионалната економска соработка во областа на земјоделството.
Остануваме посветени на нашите приоритети: усогласување со правото на ЕУ, спроведување на Зелената агенда, иновации и дигитализација, поддршка на младите земјоделци и жените во руралните средини, како и унапредување на регионалната економска соработка.
Со силна регионална соработка и поддршка од европските партнери, можеме да изградиме конкурентно, одржливо и модерно земјоделство во интерес на земјоделците.”
-напиша на социјалните мрежи по повод својата посета на Германија министерот Трипуновски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција